Вучиќ: Меркел веќе „нė разграничи“ со признавањето на Косово

270

Германија веќе „нė разграничи” во моментот кога призна суверено и неделиво Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, како одговор на прашањето како тој гледа на ставот на канцеларката Ангела Меркел дека нема промени во границите на Балканот, јави Танјуг.

Вучиќ изрази чудење дека дел од јавноста ја сфатило изјавата на Меркел како нова порака.

– Што значи тоа што го рече Меркел? Тоа значи дека таа веќе нė разграничи така што цело Косово е независна држава – рече Вучиќ, додавајќи дека луѓето тоа треба да го имаат на ум.

– Оние кои се радуваат на нејзината изјава треба да знаат дека за Меркел, како и за целиот свет, со мали исклучоци, сите тие го сметаат Косово и Метохија за сеопфатна, суверена и неделлива територија и дека оваа територија им припаѓа на Албанците – додаде тој.

Според него, „само од наш агол постои прашање – чие е Косово“?

– Од нивна гледна точка, тоа е завршена работа – рече Вучиќ.