Вучиќ: За Косово преговараме со САД

846

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека за косовското прашање ним не им се противници Албанците, туку оние што ја создаваа таа држава и кои им ја одземаат таа територија.
Во интервју за Пинк телевизија тој рече дека е јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската Унија.

Вучиќ додаде дека Приштина, како што изјави Харадинај, нема своја надворешна политика бидејќи за нив ја водат САД. Во интервјуто Вучиќ наведе дека Србија води самостојна надворешна политика, седи „на свое столче“, но и дека се лажат оние што мислат дека е можно да се развива што било на европскиот континент без поддршка од Германија.