Вучиќ: Дојдов на Косово за да се зачува мирот

121

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека дошол на Косово со цел да се зачува мирот, стабилноста и обидите да се подобрат односите меѓу Србите и Албанците за во иднината.

Вучиќ пред браната на езерото Газивода, каде што започна дводневна посета на српските заедници во Косово, рече дека длабочината и тежината на несогласувањето меѓу Србите и Албанците најдобро може да се види на тоа место.

– Браната Газивода е изградена во 1981 година, и е од голема важност за Србите и Албанците. Поголем дел од Метохија добива вода од тука, како и Приштина во текот на летото. Езерото е од големо значење за нас, бидејќи без Газивода нема преживување на луѓето во Ибарски Колашин и Зубин Поток – рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија инвестирала речиси 128 милиони динари во реконструкцијата на браната Газивода и најави дека до крајот на септември ќе бидат обезбедени уште 12 милиони динари за таа намена.