Вучиќ: Во договорот со Албанците сите по малку ќе изгубиме

174

Српскиот претсеател Александар Вучиќ изјави денска дека Белград и Приштина не се близу до договор, но дека ќе ги извести граѓаните ако се постигне договор.

– Многу е тешко да се постигне каков било договор. Не сме близу до договор, нема договор…Не сме ни близу до решение, многу сме далеку….Ако се постигне договор, ќе го известам народот – изјави Вучиќ.

Запрашан за тоа што Албанци од Бујановац, Медвеѓа и Прешево одат во Тирана на разговори Вучиќ вели дека нема стравови.

– Да ги сочекаме резултатите и да видиме кој што добил и што изгубил. Во евентуален договор со Албанците мораме да знаеме дека сите помалку сме изгубиле – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека во следните денови ќе има средби со претседателот на Косово Хашим Тачи и со премиерот на Албанија Еди Рама.