Во Црна Гора продадени луксузни станови за биткоини

90

Компаниите АМИА и Стратекс Груп продадоа три од своите луксузни станови во Завала и во деловно-станбениот комплекс „Дукли резиденс“ во близина на Стариот град за вкупно 420 биткоини, што е прва голема трговија со недвижности во дигитална валута не само во Црна Гора, туку и во Европа.

Како што пишува „Вјести“, во договорите за недвижностите како вредност е наведен износ од 2,5 милиони евра, што во овој случај претставува даночна основица.

Стратекс груп кон крајот на минатата година најави дека ја прифаќа дигиталната валута како валидно средство за плаќање со кое може да се купат недвижности, но и да се плаќаат услуги во нивните хотели и ресторани.