Во Хрватска протест поради високите цени на горивото

70

Во Хрватска денеска почна протест и блокада на сообраќајницата поради високи цени на горивото. 

Протестот почна кратко време по 15.30 часот, а порталот „Индекс“ објави дека демонстрантите за кратко време ги блокирале сите три ленти до кружниот тек на Загреб.

П ретставникот на иницијативата СТОП Дамир Кристијан Рогин, потврди дека за брзата помош ќе се остави слободен премин, како и тоа дека само во Загреб  ќе бидат блокирани седум до осум пунктови, во  Вараждин два, во Прелог еден, во Пула два, и оти се очекува возила и на автопатот Д1, кој води кон морето. 
  
Полицијата најави дека овојпат ќе ги казнува сите оние кои ќе го блокираат сообраќајот.