Во Србија уапсен началник на нефрологија поради земање мито

96

Началникот на нефрологија на Воената медицинска академија (ММА), Џ. М., е уапсен под сомнеж дека примил мито, потврдува за медиумите портпаролката на Вишото обвинителство во Белград, Ирена Бјелош.

Тој е уапсен пред два дена, а бил сослушан вчера по што му е одреден притвор во траење од 30 дена. Обвинет е дека подолг временски период земал мито, а со постапката се опфатени и неколку лица за кои постои сомнеж дека давале мито.