Во Словенија наврна 70 сантиметри снег

855

Во Словенија, кај Кредарица, тамошната највисоко позиционирана метеоролошка станица, денеска се измерени 70 сантиметри снег.

Кредарица се наоѓа на 2.514 метри надморска височина, и иако се приближува летото, овој планински врв е покриен со снег.
Снег таму имаше и во мај.

Најмногу снег во јуни бил измерен на 1 јуни 1978 година – дури 422 сантиметри. Нешто помалку, 415 сентиметри биле измерени на 1 јуни 1984 година.