во интерес на Унијата и земјите членки е соработка со Западен Балкан.

1272

Во интерес на Унијата и земјите членки е соработка со Западен Балкан, оцени денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Според неа, министрите за надворешни работи на 28 земји членки на ЕУ на денешниов состанок во Луксенбург имале опширна дискусија за односите со Западен Балкан.

– Го повторивме нашиот јасен ангажман и поддршка за цел регион, за нашите шест партнери и за перспективата на проширувањето – изјави Могерини.

Таа уште додаде дека министрите на ЕУ дале јасна поддршка на Стратегијата, која ЕК ја објави во февруари.

Стратегијата ја претставува кредибилната перспектива на проширување на ЕУ на Западен Балкан, наведувајќи дека Србија и Црна Гора се лидери во евроинтеграцискиот процес, со можноста во 2025 година да добија членство во ЕУ.

– Јасна е поддршката за продолжување со работа со Западен Балкан. Во интерес на ЕУ и нејзините членки е да се зголеми соработката со регионот и да дадат уште посилен кредибилитет на пристапување на регионот кон ЕУ – заклучи Могерини.

Могерини најави дека во вторник ќе го посети регионот.