Во болница во Косово за 24 часа се родиле 42 бебиња

216

Клиниката за Гинекологија на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово во текот на вчерашниот ден забележа рекордна бројка на новороденчиња.

Како што соопшти државната болница во Приштина, вчера се породиле 40 мајки. Од нив, две донеле на свет близнаци, така што вкупната бројка на новородени е 42.

Според извештајот, родени се 23 женски и 19 машки деца.