Во близина на Дубровник се запали тетовски автобус, нема повредени

1465

Автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ се запали утрово околу два часот во близина на Дубровник. Во автобусот имало 49 патници кои патувале на релација Скопје – Сплит. За среќа, немало повредени патници. 

Благодарение на брзата реакција на пожарникарните служби, пожарот бил брзо изгаснат, а патниците биле превезени до крајната дестинација со друг автобус.