Вонредните парламентарни избори во Косово ќе чинат шест милиони евра

35

Потребни ќе бидат околу шест милиони евра за одржување на предвремени парламентарни избори во Косово, се согласија денеска претставниците за буџетот на Косово и Централната изборна комисија во земјата.

Советникот на министерот за финансии, Љуљзим Рафуна изјави дека сега се очекува мислењето на Уставниот суд на Косово за надлежностите на Владата по оставката на премиерот, бидејќи средствата не може да се пренесат во ЦИК до мислењето на Уставниот суд.