Воведување привремена и трајна работа од дома

72

ХРВАТСКА

Хрватска ќе донесе нови законски одредби за регулирање на работата на далечина, кои треба да овозможат стекнување флексибилни договори меѓу работниците и работодавците. Меѓу предлозите за измена на Законот за работа во Хрватска е можноста за договори на работа на неодредено време, со полиберални услови. Според најавите на хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, ќе се модернизираат одредбите за работа од дома или на далечина и можноста за зголемување на дополнителните часови за работа, пишува „Јутарњи лист“.
Како најчувствителни прашања во сегашните работни услови се начинот на отпуштање од работа и намалувањето на бројот на договорите на одредено време, кои во последниот период станаа зачестена практика во Хрватска, кои, според Законот за работни односи, треба да претставуваат исклучок.
Со измените на овој закон, покрај задржувањето на постојниот член за работа на оддалечено работно место, ќе се воведе и нова одредба за работа на далечина, за кој се предвидени два модела – привремена работа на далечина и постојана работа на далечина.

Во првиот случај им се овозможува на работниците повремено кога сакаат да работат надвор од просториите на фирмата, но сами да бидат одговорни за условите во кои работат. За постојаната работа на далечина се предлага да се утврди неоданочен надомест за трошоците, кои работникот ги има во сопствените простории и кои работодавецот потоа би му ги покривал.
Од работодавците имаат предлог паузата да не влегува во работното време. Има предлози и да се поедностави евиденцијата за работното време, што вклучува и прекувремена работа, како што е воведување паушално прекувремено работно време за одредени категории работници.