ВИДЕО: Градоначалникот на Солун претепан од грчки националисти

2484

Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун синоќа беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците, по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Од канцеларијата на премиерот Алексис Ципрас велат дека напаѓачите се припадници на екстремно десничарски групи, пишува локалната агенција АНА.