Бурата во Хрватска не запира, во Загреб прогласен прв степен на готовност

111

Силниот ветар, кој од вчера дува во подрачјето на Загреб, во текот на ноќта корнеше дрва, уриваше реклами, чадори, а не запира ни денес, поради што е прогласен прв степен на готовност.

Улиците на Загреб се полни со искршени гранки, јавниот превоз доцни или не вози. Понекаде се скршени семафорите, агенциите за интервенција и пожарникарите се на теренот, а полицијата ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор ако не мораат.

До седум часот наутро беа пријавени 140 интервенции низ Загреб, а повици дојдоа уште од 50 дополнителни адреси, пренесува пожарникарската служба.

Националниот хидрометеоролошки институт издаде предупредување за речиси цела Хрватска поради можноста од силни ветрови и екстремни врнежи.