Бугарското обвинителство: Отпадот не е ниту опасен ниту токсичен

89

Јавното обвинителство на Бургас соопшти дека по извршените контролни анализи на предметниот отпад, во врска со информациите за увоз на отпад од Италија во Бугарија, категорично тврди дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад.

Како што се наведува во соопштението, друштвото „Блацион“ е посредник, а не производител на отпадот и за тоа поседува соодветна лиценца.

– Производителот на отпадот е тој што е одговорен за квалитетот на отпадот и одговара за тоа како го декларирал. Категорично ги демантираме сите други шпекулации со кои се поврзува нашата компанија во врска со овој случај и натаму нема да толерираме дезинформации што го уриваат реномето на нашата компанија и затоа ќе преземеме соодветни правни мерки – стои во дописот.