Бугарија ќе протера руски дипломати поради обвиненија за шпионирање?

45
Екатерина Захариева

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изјави дека Бугарија веројатно ќе протера двајца руски дипломати поради обвиненија за шпионирање.

– Добивме писма со обвиненија од обвинителите. Ќе преземеме активности што сме должни да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за персона нон грата – вели Захариева.

Захариева рече дека поради тоа ќе го покани рускиот амбасадор.

Обвинителите денеска објавија дека Русите се вклучени во шпионажа, но не можат да бидат судени заради дипломатски имунитет.