Бројот на починати од морбили во Романија достигна 46 лица, почина деветмесечно бебе

517

Бројот на луѓе кои починале од морбили во Романија достигна 46 лица откако денеска почина деветмесечно бебе од Констанца.

Националниот центар за надзор на заразни болести соопшти дека бебето не било вакцинирано.

Оваа недела во Романија се регистрирани 204 нови случаи на морбили, со што вкупниот број на потврдени случаи на оваа заразна болест во земјата изнесува речиси 12.000 болни.