Брнабиќ: Ситуацијата во регионот е полоша од пред неколку години

79
Ана Брнабиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, порачала дека Србија не може да биде стабилна без стабилен регион и мора да продолжи да вложува во регионалната стабилност.

На крајот на нејзината посета на Лондон, Брнабиќ рекла дека имала кус разговор со албанскиот премиер Еди Рама за некои неодамнешни изјави.

-Го замолив да седнеме и да видиме до кај сме, да повлечеме линија и да кажеме дека сè понестабилен регион не нè води никаде. Тоа на сите ќе ни се удри во глава, ајде да видиме како можеме да продолжиме да ја јакнеме регионалната стабилност и поврзаност- рекла Брнабиќ.

Таа додала дека ситуацијата во регионот денес е полоша отколку од пред неколку години, пред сè, како што рекла, заради Приштина.