Брнабиќ: Прашањето за Косово во сегашните граници е црвена линија преку која Србија нема да помине

144

Признавањето на Косово во сегашните граници е црвена линија преку која Србија нема да ја премине, рече премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи дека засега не гледа решение за косовскиот проблем.

Таа вели дека не е оптимист во врска со продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше прекинат откако Приштина воведе даноци на стоки од централна Србија и БиХ.

Според неа, „не е ниту фер, ниту прифатливо решението Србија да изгуби сè, а Приштина да добие сè“. Таа истакна дека треба да се вратат на полето на меѓународното право и правдата и рече дека европските интеграции би требало да зависат од други стандарди, а не од политичката одлука којашто има врска со Косово.