Брнабиќ: Ова веќе не е спор меѓу Хрватска и Србија, туку судир меѓу фашизмот и антифашизмот

249
Ана Брнабиќ

Ова веќе не е конфликт меѓу Белград и Загреб, Србија и Хрватска, туку конфликт меѓу фашизмот и антифашизмот, рече Ана Брнабиќ за најновиот спор меѓу Србија и Хрватска.

-Доколку за еден режим е прифатливо табла на која усташкиот поздрав „За дом спремни“ да стои во близина на усташкиот логор Јасеновац или во негова близина, тогаш ниту една протестна дипломатска нота не може да го премисли од таквиот чин, изјави денеска српската премиерка.

Во изјавата пред српски новинари во Луксембург, таа го коментираше последниот спор меѓу Србија и Хрватска, истакнувајќи дека веќе не би испраќала ноти, бидејќи тие водат кон неизбежен круг во кој не е јасно што се случило.

-Се случи наша делегација, млади кадети, да замине да оддаде почит на жртвите во Јасеновац, едно од најголемите места за егзекуција за време на Втората светска војна во Европа. Ова не е конфликт помеѓу Белград и Загреб, Србија и Хрватска, туку конфликт помеѓу фашизмот и антифашизмот, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека повеќе нема да разговара на оваа тема со Хрватите затоа што, како што додаде, нејзината позиција е јасна, искрена и е горда на неа.

-Мојата позиција е позицијата за борба против фашизмот, сеќавање на жртвите и борците за слободна Србија, за слободна Хрватска, за слободна Европа, за борба против фашизот и угнетувањето на луѓето, рече Брнабиќ.