Британците загрижени за руското влијание

118

Русија во Босна и Херцеговина ги поддржува српските паравоени структури и е силен сојузник на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се наведува, меѓу другото, во извештајот на Комитетот за надворешни работи на Велика Британија.
– Надворешните актери како Русија, Кина и Турција ја пополнија празнината што ја направи ЕУ во Западен Балкан во последните десет години. За разлика од кинеското и турското, руското влијание во регионот е послабо, поради помалото економско присуство на оваа земја. Наспроти ова Русија е способна да ги искористи регионалните проблеми и да го загрози регионалниот напредок кон мирот, просперитетот и конечно кон членство во ЕУ и во НАТО – пишува во извештајот.

Од Министерството за надворешни работи на Велика Британија велат дека една од најголемите закани со која се соочува овој регион со поголемото мешање на Русија на Западен Балкан можеше да се види преку обидот за државен удар во Црна Гора во октомври 2016 година. Министерството ја нагласува руската поддршка на дестабилизирачките активности на политичките лидери во Република Српска. Притоа се цитираат извештаите на медиумите од почетокот на 2018 година дека локалната полиција се вооружува со опрема од Русија, со што се поттикнува стравот од способноста на Русија да го дестабилизира кревкиот мир во Босна и Херцеговина.
– Процените на Министерството за руската закана ги потврдија неколку соговорници, кои ни приложија писмени и усни докази. Како никаде на друго место Русите се добри во загрозување на лошата состојба. Тоа е една од нивните вештини, во која се целосно одлучни. На овој простор има многу лоша состојба и тие работат на ова – се наведува извештајот на британското министерство.