Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

51

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите – изјави денеска Питер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, и додаде дека оваа форма на соработка е поддржана од Европската Унија.

Одговарајќи на прашања во врска со летот Белград-Приштина, дали тоа е заслуга на Америка или Европа и дали ЕУ го смета за домашен или меѓународен лет, Стано рече дека тој го гледа само како комерцијален лет, пренесува Н1.

– Нема ништо ново да се каже за статусот. Тоа е долгорочна позиција на ЕУ и започнувањето на комерцијален лет нема да го промени ставот за статусот. Ова е тема што треба да го преземе центраното место во дијалогот Белград-Приштина – рече Стано.