Борисов утре во посета на Косово

710

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја го држи ротациското претседателство со Европската унија, утре ќе го посети Косово.

Според бугарската новинска агенција БТА, целта на посетата е да се разгледаат можностите за подобрување на соработката во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

Борисов ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со Наталија Апостолова, која ја предводи мисијата на Европската унија на Косово. Борисов ќе биде придружуван од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.