Борисов го налути Дачиќ: Бојко, да ти кажам една работа

3307

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да го почитува ставот на ЕУ за независноста на Косово.

Изјавата на Дачиќ следи како реакција на коментарот на Борисов дека шпанскиот дипломат Жозеп Борел треба да ги застапува интересите на ЕУ за независноста на Косово, а не и на неговата земја, која не го признава Косово. На тоа, Дачиќ за РТС изјави дека ставот на Унијата не е дека Косово е независно.

– Бојко, да ти кажам една работа, ставот на ЕУ не е дека Косово е независна држава. Ти, Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел. Што значи тој безобразлук, на што личи. Доста ми е веќе од тоа, а да не заборувам дека пред неколку месеци доби наше одликување – изјави Дачиќ.

Дачиќ во изјавата оцени дека меѓународната заедница и ЕУ се однесуваат како духовни лидери, „монаси на Тибет“.

– Се залагаат за мир во светот, наместо да ја водат ЕУ и јасно да ги изречат своите ставови – додаде Дачиќ.