Борисов: Бугарија нема да протерува руски дипломати

217

Бугарија нема да протерува руски дипломати како одговор на труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал, за што британската влада ја обвини Москва, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој подвлече дека Бугарија, како актуелен претседавач со Европската Унија(ЕУ), треба да ги зачува отворени комуникациските канали со Русија.

Борисов појасни дека Бугарија се солидаризира со своите сојузници во ЕУ и НАТО и го повика својот амбасадор од Москва на консултации.

– Како претседавач со Советот на ЕУ, треба да ги зачуваме комуникациските канали(отворени), исто како што правевме во тензични ситуации во регионот, како на пример што е ситуацијата со Турција. Треба да го направиме истотот и со Русија…Во овој момент, ние не мислиме дека треба да протеруваме руски дипломати или технички персонал – рече Борисов по седницата на владиниот Совет за безбедност во врска со случајот „Скрипал“, а на која беше сослушан и бугарскиот амбасадор во Москва.