Болтон: Ако Белград и Приштина се договорат за територијална размена, САД ќе ги поддржат

153

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон денеска изјави дека САД се подготвени да поддржат евентуален договор за територијата помеѓу Србија и Косово, ако истиот биде постигнат.

– Ако двете страни можат да го решат прашањето, ние не исклучуваме територијални измени – посочи Болтон на прес конференција во Киев, по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Болтон истакна дека „САД не можат да се мешаат во спорот помеѓу Косово и Србија“, повторувајќи оти ако Белград и Приштина постигнат договор, со кој двете страни ќе бидат задоволни, тогаш ќе имаат поддршка од Вашингтон.