Боздаг: Турција уапси 80 свои државјани во 18 земји

310

Турскиот заменик премиер Бекир Боздаг денеска изјави дека турската разузнавачка агенција до сега уапсила најмалку 80 турски државјани во 18 земји.

Уапсените се лица кои Турција ги гони поради наводната улога во неуспешниот пуч од 2016 година.

Боздаг не наведе во кои земји се уапсени турските државјани, но најави дека ќе продолжат таквите операции.

Во Турција уапсени се повеќе од 38.000 луѓе, а околу 110.000 јавни службеници добија отказ под обвинение дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, кој според Анкара е организатор на воениот удар.

Турција минатата недела организира апсење и депортација на шест турски државјани од Косово под обвинение дека се  припадници на движењето ФАТО, на Ѓулен, кој е во егзил во САД.