БиХ ќе добие милион евра за сместување мигранти

29

Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) обезбеди милион евра бесповратна помош за Босна и Херцеговина во обид да го реши проблемот со сместувањето на илегалните мигранти кои и натаму пристигнуваат во земјата.

Договорот за донација денеска во Сараево го потпишаа заменичката-гувернер на ЦЕБ Марија Санчез-Јебра Алонсо и водителот на мисијата на Меѓународната организација за миграција во БиХ Петер Ван дер Аувераерт.

Парите ќе бидат искористени за адаптирање на напуштена касарна во околината на Сараево, која ќе стане центар за сместување мигранти.