Бисер балкански – Екипата на Палмер

305

– Toj e препознатлив по мешањето и обидите за арбитрирање, според сопствено наоѓање, во внатрешните работи на земјите во кои се појавува, главно носејќи решенија што се на штета на народите и на државите во кои доаѓа и каде што со заобиколување на реалноста, цврсто се обидува да наметне свои решенија. Истиот тој Палмер ѝ припаѓа на екипата што го создаде Дејтонскиот договор, а тој всушност и го крши, и наметнува решенија, се заканува и го санкционира секој што не ги исполнува неговите желби, заобиколувајќи ги одредбите од Дејтонскиот договор – рече Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, за последните настапи на Метју Палмер, специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Коментирајќи го ставот на Палмер за тоа дека „идеалниот облик на договорот меѓу Србија и Косово треба да заврши со заемно признавање“, Додик забележа дека истите правила треба да важат и за Република Српска.


Панорама

Атина – Грција воведе дополнителни ограничувања на копнените граници со соседните земји.
– Забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани. Мерката е веќе во сила на граничниот премин Какавиас со Албанија, а ќе важи и за Евзони со Македонија, Кристалопиги со Албанија, Нимфеа со Бугарија и Кипи со Турција – изјави владиниот портпарол, Стелиос Пецас. (МИА)

Софија – Бугарската полиција вчера рано наутро ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни контролни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот, и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот. Организаторите беа уапсени затоа што одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти. При отстранувањето на шаторите не била применета сила од полицијата. („Локално“)

Приштина – Координаторот на Приштина за дијалогот со Белград, Скендер Хисени, процени дека договорот ќе биде постигнат за 12 месеци. Тој изјави дека во тој период ќе има или меѓусебно признавање или процесот целосно ќе пропадне.
– Очекуваме договор со заемно признавање во рок од 12 месеци или целиот овој процес ќе пропадне. Не знам дали Србија го сфати тоа, но ако има намера да се интегрира во ЕУ, треба – рече Хисени. (ТВ Клан Косово)