Бериша: Револуцијата е единствен начин за Рама да се отстрани од функцијата

116

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша изјави дека продолжува да повикува на револуција како „единствен начин да се отстрани Еди Рама од функцијата премиер“.

 – Само револуцијата е решение во оваа земја. Има омраза кон Еди Рама која се граничи со небото и оваа омраза треба да се капитализира со соборување на Еди Рама и неговиот наркокабинет. Тоа е мое мислење – рече Бериша за албанската телевизија Њуз 24.

Според него, опозицијата не треба да губи време и мора да стори сé што може за да му го направи на Рама тоа што Боливијците му го направија на претседателот Ево Моралес.

– Според мене опозицијата треба да стори сé што може за да му го направи на Еди Рама она што Боливијците му го направија на Моралес, она што Ерменците му го направија на Саркезијан, да го направат тоа што го направија Македонците во време кога навистина имаше проблем. Значи, опозицијата не треба да губи време, туку да биде фрлена во битка сè до конечното соборување на овој албански мафијашки бос, како што сега го нарекуваат во Европа – посочи Бериша.