Белград под вода, поплавени детски градинки

555

Поради невремето што го зафати Белград на некои улици се формираа гејзири повисоки од пет метри, по што е создаден целосен хаос и застој на улиците

Белград сè уште закрепнува од големата поплава што го зафати деновиве, затворени се дваесет детски градинки, а спасени се 12 лица од поплавените домови, пишува српски „Блиц“.
Поради невремето што го зафати Белград на некои улици се формираа гејзири повисоки од пет метри, по што прексиноќа во текот на ноќта е создаден целосен хаос и застој на улиците.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, за медиумите изјави дека по обилните дождови што го погодија главниот град, се поплавени дваесет детски градинки, а шест илјади домаќинства се останати без електрична енергија.

Децата што одат во поплавените градинки ќе бидат распоредени во други додека не се санираат штетите.

Од Секторот за вонредни состојби во Белград велат дека водата полека се повлекува, во текот на ноќта тие интервенирале 37 пати, а од поплавените домови спасиле 12 лица.