Белград бара признаен статус на СПЦ и заштитена зона за 44 објекти на Косово

146

Косово

Признаен статус на Српската православна црква на Косово, како и неограничен период да се задржи правниот режим за 44 објекти што претставуваат специфична зона на српската култура и верско наследство, ќе се најдат меѓу клучните барања на Белград во текот на дијалогот за сеопфатно решение за нормализација на односите со Приштина, пишува „Вечерње новости“.

Освен тоа, весникот, повикувајќи се на извори од врвот на власта, наведува дека српската страна ќе бара во заштитената зона да влезат уште неколку културни добра и храмови на СПЦ, како и да ѝ се овозможи на СПЦ да има право на располагање со својот движен и недвижен имот.

Во специјалната заштитена зона на српското наследство спаѓаат манастирите Високи Дечани, Грачаница, Печка патријаршија, кои се под заштита на УНЕСКО, но и други храмови во Гњилане, Штрпце, Србица, Клинa, Ораховац…

Тука спаѓаат и средновековниот мост „Војновиќ“ во Вучитрн, споменикот Газиместан, тврдината Звечан, средновековниот град Ново Брдо, селото Велика Хоча, пишуваат „Новости“.