Белградскиот аеродром продолжува со работа, отстранет авионот што ја блокираше пистата

328

Авионот на египетската компанија Еџипт Ер кој ноќеска слета на белградскиот аеродром со дефект на тркалата, ќе биде отстранет од пистата, а аеродромот ќе биде отворен околу 11 часот.

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ затворен е утрово откако египетскиот авион остана на пистата поради технички проблеми.

Во инцидентот немаше повредени патници.