Атина загрижена поради зголемениот број мигранти

56

Властите во Грција се загрижени поради зголемениот број мигранти во прифаќачките центри на грчките острови како резултат на ненадејното и зголемено доаѓање од Турција, според грчкиот весник „Катимерини“.

Само во првата недела од јули на грчките острови во источен Егеј, кои прифатиле 17.924 баратели на азил, дошле околу 1.000 нови мигранти.

Грчкиот министер за миграциска политика, Јоргос Кумуцакос, рече дека решението е да се обезбеди почитување на човековите права и демократските принципи, а истовремено да се осигури безбедноста.

Претставниците на агенцијата за бегалци на Обединетите нации и Меѓународната организација за миграција го информираа Кумуцакос за ситуацијата на грчките острови каде што се сместени мигрантите пред денешниот самит на ЕУ за миграција во Хелсинки.