Атина врие

1034

Инциденти беа регистрирани за време на генералниот штрајк во Атина, кога членови на организации и здруженија што не се дел од двата најголеми грчки синдиката се обидоа да стигнат до канцелариите на Федерацијата на претпријатија. Објектот беше под силно полициско обезбедување, а групата претежно млади лица ја нападнаа полицијата која одговори со солзавец.

Во знак на протест поради новиот бран мерки за штедење, во Грција почна 24-часовен генерален штрајк организиран од најголемите грчки синдикати. Поради протестот запрен е авионскиот сообраќај, не сообраќаат фериботите, јавниот транспорт е во прекин. Поради штрајкот не работат училиштата, а болниците работат само со тимови кои реагираат за итни случаи. Поради штрајкот на границите има долги колони.

Во Атина се собраа неколку илјади луѓе, а протести се организирани и во други грчки градови.