Арифи: Преговарачкиот процес е клинички мртов

42

Шефот на преговарачки тим на Приштина, Авни Арифи, изјави дека преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина е веќе некое време клинички мртов, за што, како што вели, одговорни се Белград и Брисел.
Арифи за косовскиот весник „Телеграфи“, како што се наведува во прес-службата на УНМИК, кажа дека договорите постигнати во текот на техничкиот дијалог во повеќето случаи не се спроведени, како и дека се деградираат и оние чија имплементација почнала да се спроведува.

Во таа смисла, тој го наведе договорот за слобода на движењето.
Косовската страна во меѓувреме, наведе Арифи, го одобри формирањето Управувачки тим што ќе го подготви нацрт-статут на Заедницата на српски општини, но, како што кажа, тој документ, според неговите информации, сè уште не е доставен до Брисел.