„Антени“ влијаат на климатските промени

255

Научниците поделени за инсталации на Алјаска

Во воената база на Алјаска, североисточно од градот Енкориџ, работи тајна инсталација што ја загрева јоносферата со огромни антени! Според Фил Шнајдер, американски геолог и инженер, кој учествувал во повеќе тајни владини проекти, системот во секој момент може да предизвика бури, урагани и земјотреси: „Јас сум геолог и точно знам за што зборувам. За време на земјотресот во Кобе, Јапонија, немаше пулсирачки бран, како што е случај кај нормалните земјотреси…“ Набргу по ова свое тврдење, односно предавање, Шнајдер бил пронајден мртов во својот стан, со клавирска жица околу вратот. Во меѓувреме, со помош на „антените“ во Алјаска, биле предизвикани пороен дожд и катастрофални поплави во Индија, како и снег и дебела ледена покривка во Јордан и Ирак!?

Европа ќе се претвори во пустина!

Проектот чиј главен центар е на Алјаска, всушност, е дел од едно од најголемите злосторства против човештвото, а техничката инсталација се состои од неколку функции, меѓу кои најинтересен е инструментот за истражување на јоносферата. Овој „инструмент“, кој во жаргон го нарекуваат грејач, велат упатените, претставува најсилен досега направен високофреквентен предавател во светот. Електромагнетните бранови навлегуваат насекаде, без разлика дали станува збор за жива или за нежива материја. Досегашните успешни експерименти иницирани од „центарот“ овозможуваат да се менува човечката психа, односно негативно да се влијае на здравјето на луѓето, да се наруши човечкиот нервен систем и да се менува атмосферата на Земјата. До 2025 година климата на нашата планета ќе биде под целосна контрола, то ест ќе биде воспоставена целосна контрола на временските услови.

Најновите истражувања во врска со климатските промени потврдуваат дека Полинезија, на пример, ќе биде потопена, Пакистан и Јужна Индија напуштени, а Европа ќе се претвори во пустина! А за тоа се потребни само четири Целзиусови степени потопла клима отколку сега. Веднаш потоа, во такви услови, Антарктикот нема да биде замрзнат а северниот дел на Канада, Скандинавија и Сибир ќе станат житници. Алпите ќе останат без снег а Јужна Европа ќе стане Сахара. Луѓето што ќе преживеат ќе бараат спас во Нов Зеланд, Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и северна Русија, кои ќе станат засолништа за поголемиот дел од населението во светот, зашто само тие ќе имаат одредени области релативно погодни за живеење. Ваквите контролирани климатски промени ќе го претворат Балканот во пустина за воени вежби и нуклеарни проби. Ако малобројните пустински талкачи сѐ уште сакаат да војуваат, тогаш меѓу себе ќе војуваат за неколкуте оази со бунари што ќе останат попатно, негде од Гевгелија до Триглав. Како и да е, голем број научници сѐ помалку се сомневаат дека апокалиптичните климатски промени веќе се случуваат и дека тие се креација на човекот.

Големите антени во Алјаска и во уште десетина други тајни бази низ светот, всушност се дел од проектот за стимулирање и контрола на процесите во јоносферата, односно на оној дел од атмосферата на висина од 50 до 80 километри, која содржи големo количество наелектризирани честички настанати од дејствувањето на сончевиот ветар, и имаат големо влијание во простирањето на електромагнетните бранови. Во тајната база на „господарите на светот“ на 13 хектари е сместена опрема, уреди за прием и емитување на огромни количества енергија. Системот го сочинуваат 180 антени и шест генератори, со вкупна сила од над три милиони вати. Притоа, меѓу другото, со овој систем може да се влијае на работата на човечкиот мозок, да се испитуваат шуплините под површината на земјата, да се спречува радиокомуникацијата на одредени подрачја, па дури да се уништуваат и авиони, проектили и сателити. Сепак, се чини, најважно е тоа што овој систем со промена на хемиската структура, температурата и влажноста на високите слоеви на атмосферата може да дејствува на климата и на сите придружни климатски ефекти на одредена територија.

Имајќи ја предвид ваквата моќ на системот, Владата на Соединетите Американски Држави нема да дозволи да се тргнат антените на овој систем до 2025 година ниту во една од државите во светот каде што ги имаат поставено. А дотогаш треба да заврши експериментот со климата и влијанието на свеста на луѓето. Многумина сметаат, особено по она што се случи со поплавата во селото Стајковци и Скопската котлина, на пример, дека вакви антени има и кај нас, во нашиот регион, можеби на Кале или во Бондстил. Во секој случај, со сигурност ги има во Србија, а беа поставени за време на владата на Мирко Цветковиќ. Во српските медиуми отворено се пишува дека ваквата станица е лоцирана најверојатно во околината на Белиње, покрај Бараево, близу Белград, или евентуално во Институтот за физика, односно лабораторијата за плазма во Земун.

Манипулација и разорување на човечките ментални процеси!

Пред извесно време, на една од трибините одржани на универзитетот „Стенфорд“, учествувал и физичарот и климатолог Хенри Колман, кој детално го има истражено монструозниот антенски систем. Во своето обраќање, тој изјавил дека овој систем ќе трае до 2025, или евентуално до 2050 година, до кога, според процените, ќе биде потребно нискофреквентните бранови да дејствуваат на јоносферата за да предизвикаат целосна промена на климата. Во изминатите неколку години во САД се појавија десетина книги и публикации на оваа тема, односно расправи за тоа што може да направи овој систем, но сите дела во кои отворено се пишувало за штетните последици по климата и менталната свест на луѓето биле игнорирани, а промоциите биле откажувани. Американските воени документи, кои неодамна беа декласифицирани, докажуваат дека американската војска развила систем што работи на пулсирање на електромагнетни зрачења (ист принцип на кој работат и антените на ХААРП), што е наменето за манипулација и разорување на човечките ментални процеси (мозочни бранови), користејќи моќни електромагнетни зраци во радиоспектарот, и тоа во големи области на планетата одеднаш.

Според Збигњев Бжежински, поранешен советник за национална безбедност на Картер и Мекдоналд, советник за научни прашања на претседателот Џонсон и професор на универзитетот „Ју-си-ел-еј“, семоќните „глобалисти“ веќе се на патот кон создавање контролирано општество со кое ќе може полесно да се управува. Глобалното општество би било контролирано од елитна група луѓе што се супериорни во однос на тајното научно знаење. Овие контроли ќе бидат ослободени од традиционалните либерални вредности и ќе бидат во можност да ги постигнат своите политички цели со користење на најдобрите технологии за да влијаат на луѓето и нивното однесување, а ќе бидат во можност да остварат и целосна контрола врз популацијата во светот. А дека работите се одвиваат во таа насока може да се види и од веќе нарушените карактеристики на годишните времиња.

Порано се знаеше дека зиме паѓа снег, лете грее сонце а во Европа немаше урагани! Сега веќе нема правила, а пролетта и есента како да не постојат. Од зима се оди директно во лето, а од лето во сурова зима. Притоа, во списокот виновници за ваквите ненормални појави научниците редовно го ставаат системот со центар во Алјаска, чиј сигнал е детектиран во високите слоеви на атмосферата, на висина од 100 до 350 километри, каде што го апсорбира јоносферата. Токму овој сигнал е причина за перманентно загревање на атмосферата на големи висини на подрачја од неколку десетина километри. Многумина велат дека системот што зрачи од земјата е еден вид огромна и скапа греалка за надворешна употреба.

Ефектот на загревања се користи за суптилна промена на воздушните струи и создавање масивни, кумулативни метеоролошки ефекти над одредени подрачја, кои може да траат со денови и недели. Главниот систем, односно шесте дизел-генератори со јачина од 3.600 коњски сили, согорува 95 тони дизел дневно, создавајќи повеќе од седум тони отпад што го загадува инаку кристално чистиот воздух во Алјаска. Населението се обидува да се бори против системот што ги уништува, но како одговор на овие протести, заменик-секретарот за одбрана на САД во 1994 година барал зголемување на фондот за проектот ХААРП од пет на 75 милиона долари за 1996 година. Денес буџетот за системот е 10 милијарди долари! Барем официјално.

Воените документи говорат дека намерата на проектот ХААРП е да раскине дел од јоносферата, загревајќи ја со помош на моќни пулсирачки нискофреквентни радиобранови.
Инаку, проектот ХААРП (The High Frequency Active Auroral Research Program) е дел од тајните американски планови за контрола на светот. Развиен е како проект на англо-американските партнерски односи (Raytheon Corporation & British Aerospace Systems) и претставува еден од неколкуте слични проекти, опасни и ризични воени потфати. Примарната цел на проектот ХААРП првично била развиена за да ѝ се овозможи на американската морнарица безбедна комуникација со подморниците на сите краеви од планетата. Проектот се базирал на замислите на Тесла за големото количество енергија што се наоѓа во атмосферата на нашата планета. Контролата на метеоролошките состојби – формирање вештачки дождови, долготрајни суши или силно невреме – претставува клучен дел од проектот ХААРП, а резултатите веќе се чувствуваат и во Македонија.


Гигантскиот грејач ја уништува атмосферата што штити од космичко зрачење!

Експерименталната програма ХААРП (High frequency Active Auroral Research Project) има цел да ја проучува јоносферата и преку вештачки предизвикани температурни промени да ги проучува промените и нивните карактеристики. Меѓутоа постојат сериозни опомени од страна на Розали Бертел, претседателка на Интернационалниот институт за грижа за човечкото здравје, дека ХААРП е гигантски грејач способен за големи промени во јоносферата, со моќ да создава не само дупки туку буквално да го засече слојот во атмосферата што нѐ штити од погубното космичко зрачење.

За овој потфат физичарот д-р Бернард Астлунд изјави дека претставува најголем грејач на јоносферата што некогаш постоел. Срцето на проектот е уредот за емитување сноп од енергија со сила од 1,7 гигавати насочени кон јоносферата, што доведува до нејзиното „вриење“. Јоносферата реагира со зрачење на долги бранови кон површината на Земјата, а тоа зрачење може да има глобални последици по живиот свет, за што обично не се говори во научните кругови.
Во меѓувреме веќе е докажано дека станува збор за систем што ќе ја оневозможи радиокомуникацијата, ќе предизвика сериозни пречки во електричната мрежа, во системите за снабдување со гас и нафта, и ќе предизвика катастрофално лошо влијание врз менталното здравје на луѓето во погодениот реон.

Преку овој систем може да се контролираат временските услови, па преку нив во одредни подрачја да се изврши дестабилизација на економскиот, агрокултурниот и екосистемот. Погодената земја ќе зависи исклучиво од еден центар, што би довело до подредена и зависничка положба на подолг временски период. Во тој контекст, според експертите, системот може да претвори голем дел од човештвото во зомби.

Пишува: Блаже Миневски