Анкети: Разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА се намалува

797

Конзервативната Нова демократија (НД), според истражувањата на јавното мислење, и натаму е најпопуларна политичка сила во Грција, иако нејзината предност пред владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) се намалува.

Последните две анкети спроведени од „Палмос Анализис“ и АЛЦО, покажуваат дека разликата е 8,9, односно 4,7 отсто.

Според двете анкети, доколку сега се одржат избори само пет партии би го минале изборниот цензус од три отсто за освојување места во грчкиот Парламент, а меѓу нив не е сегашниот коалициски партнер на СИРИЗА во грчката Влада, партијата Независни Грци.

Во анкетата на „Палмос Анализис“, Нова демократија има поддршка од 20,8 проценти, а СИРИЗА од 11,9 отсто. Натаму следуваат Движењето за промена и Комунистичка партија на Грција (ККЕ) со по 5.2 проценти и Златна зора со пет отсто.

Во истражувањето, пак, на АЛЦО, распоредот на силите е сличен, со единствена разлика што Златна зора е трета политичка сила. Според оваа анкета, Нова демократија ужива поддршка од 21,4 отсто, СИРИЗА од 16,7, Златна зора од шест, Движењеѕо за промена од 5,4, ККЕ од 5,3 проценти.