Америка ја предупреди Атина за иранскиот танкер

187

САД јасно ѝ ставија до знаење на атинската влада дека сите напори да му помогнат на иранскиот танкер, кој плови по грчките води по ослободувањето во Гибралтар, ќе значи поддршка за оние што САД ги смета за терористи и дека би можело да има потенцијално кривични последици.

Ова го изјави официјален претставник на Стејт департментот, кој рече дека Соединетите Држави ѝ ја пренеле својата силна позиција на атинската влада во однос на иранскиот танкер за кој Вашингтон тврди дека носи нафта за Сирија.

Танкерот „Адријан Дарија 1“ замина од пристаништето Гибралтар доцна во неделата и податоците за следење на бродот покажуваат дека тој пловел кон Каламата во Грција.

Еден американски официјален претставник изјави дека танкерот со нафта ѝ помага на Исламската револуционерна гарда, која САД ја означија како терористичка организација.