Американски турист падна од тврдината во Дубровник

89

Американски државјанин денеска околу 16 часот падна од тврдината во Дубровник, јави хрватскиот „Либеропортал“.

Веднаш се повикани итна помош, полицијата и пожарникарите. Како што јавуваат медиумите, туристот го преживеал падот, но е пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот.