Албанската полиција разби меѓународен синџир за шверц на дрога од Албанија кон Европа

859

Албанската полиција разбила меѓународен синџир за трговија со кокаин, хероин и марихуана во западно европските земји, при што се уапсени 13 Албанци, а петмина од групата се веќе в затвор, од кои четворица во Турција и еден во Македонија.

Водач на групата бил Мет Канани (56) од Фиер, познат како „албански Ескобар“, кој се наоѓа во затвор во Турција.

Уапсените се на возраст од 23 до 58 години.

Оваа криминална група се сомничи дека во последните две години прошверцувала осум тони марихуана произведена во Албанија, а која била запленета во Грција, Македонија, Италија и Турција, како и хероин шверцуван од Турција и кокаин од Јужна Америка, кои преку Албанија завршувале на нарко пазарот во западно европските земји.

Хероинот „патувал“ на релација Турција-Грција-земјите на ЕУ, како и Турција-Македонија-Албанија-земјите на ЕУ.

Обинителката Елисавета Имерај изјави дека во текот на истрагата биле разменувани информации со властите на Турција, Македонија, Грција и Италија и со посредство на ДЕА и СЕЛЕЦ.