Албанската полиција заплени голема количина марихуана и арсенал оружје

151

Албанската полиција, во рамки на акцијата „Вјоса“ заплени голема количина марихуна и арсенал оружје.

Според полицијата, во близина на селото Лешње кај Мемалија, во место обраснато со грмушки и дрвја, во близина на реката Вјоса, открила две комби возила, со фалсификувани регистарски таблички и заклучени.

„При контрола на возилата отркиени се околу 1.500 килограми марихуана, 16 парчиња огнено оружје и тоа снајпер, 12 автоматски пушки „калашњиков“, две полуавтоматски и една ловечка пушка“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека поради засилените полициски контроли во тоа подрачје, шверцерите на дрога и оружје, натоварените комби возила со марихуана и оружје ги скриле во потешко прооден терен, мислејќи дека таму нема да се врши контрола.

– Акцијата се следи со специјални методи и поради тие причини не можеме да дадеме други детали, наведува албанската полиција.

Во меѓувреме грчката полиција заплени 130 килограми марихуана исто така во планински предел во близина на грчко-албанската граница. Уапсен е дваесет и седум годишен албански државјанин.

Статистиката на грчката полиција потврдува дека во изминатиот период од годинава во повеќе делови на земјата запленети се 6,7 тони марихуана, пристигната од Албанија.