Албанка и Турчин уапсени во Косово поради трговија со човечки органи

126

Две лица се уапсени во Приштина поради трговија со човечки органи и нелегална трансплантација на органи, соопшти косовската полиција.

Уапсена е една Албанка и турски државјанин.

– Двајцата се осомничени за незаконска трговија со човечки органи и нелегална трансплантација. По налог на обвинител, против нив е покрената редовна процедура – соопшти полицијата без да наведе повеќе детали за случајот.