Албанија нова рута на имигрантите

105

Директорот на Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, Фабрис Леџери, го потврди фактот дека Албанија е на списокот земји од каде транзитираат нелегалните имигранти.

Во интервјуто за „Шпигел онлајн“,Леџери, изјави дека во северниот дел на Грција на границата со Албанија за првпат ќе бидат распоредени 45 офицери на Фронтекс со цел да се спречи приливот на имигранти.

– Идентификувана е нова рута по која минуваат бегалци од северна Грција, преку Албанија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија-изјавил Леџери.

– Овој факт беше посочен и од страна на премиерот Еди Рама на повеќе средби меѓу кои и со австрискиот канцелар Себастијан Курц,кој веќе и финансиска помош за Албанија и другите земји во справувањето со евентуалниот наплив на имигранти-констатира тиранската телефизија Ора њус.

Последните денови откриени се неколку помали групи со бегалци,додека од почетокот на годинава околу 200.