Албанија и понатаму со најголем број баратели на азил во земјите на ЕУ

50

Албанија и понатаму останува европска земја со највиок број на баратели на азил во земјите на Европската унија,при што најпривлечна останува Франција.

Според статистичките податоци објавени денеска од страна на Евростат, во вториот квартал од 2018 година за добивање азил, за првпат, се пријавиле 3.930 албански државјани или три отсто од вкупниот број на баратели на азил во Европската унија.

Во текот на првите шест месециод годинава,вкупниот број  Албанци кои за првпат поднеле барање за азил е 8.040.

Франција се чини е најпривлечна за Албанците,каде во вториот квартал од годинава, аплицирале 1.495 лица или 38 отсто од вкупниот број барања.

Според бројот на поднесени барања за азил од страна на албански државјани на второ место е Грција,каде барање доставиле 800 лица што е 20 отсто од вкупниот број барања за азил во оваа земја.

Трета земја според бројот на азиланти Албанци е Велика Британија каде во вториот квартал поднесени се околу 500 барања или 13 отсто од вкупниот број.

Во второто тромесечие од годинава,според Евростат во земјите од ЕУ за првпат барање за азил доставиле 136.700 лица.Споредено со првиот квартал од годинава тој број е поголем за 4 отсто.Во првиот квартал азил побарале 131.400 лица.

Азилантите главно се од Сирија,Авганистан и Ирак.За првпат во второто тромесечие голем број апликанти за азил има и од Венецуела, земја која се соочува со тешка економска криза.

Најголемиот број апликации за азил се регистрирани во Германија, Франција и Грција.Евростат во извештајот наведува дека околу милион апликации за азил сеуште се на чекање.