Албанија внимателно го следи дијалогот Косово-Србија и ветува помош

92

Албанија внимателно следи се што е во врска со дијалогот Белград-Приштина, рече денеска претседателот Илир Мета.

Тој додаде дека официјалната Тирана е подготвена да му помогне на Косово, како што најави, во сите фази од процесот.

Мета го нагласи тоа по разговорите со претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели и истакна дека Косово мора да има широк политички консензус за тоа прашање и ја повика косовската опозиција да преземе одговорност и да учествува во развојот на платформата и формирање тим за дијалог.

Мета претходно зборуваше за процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина со претседателот на опозициското движење Самоопределување, Албин Курти, и во неделата со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Весели денеска по разговорите со Мета, ги повика претставниците на власта и опозицијата во Приштина да се обединат во врска со дијалогот со Белград, за кој смета дека е во последната фаза.

Според него, „Косово ќе инсистира на меѓусебно признавање независност и отворање на патот за членство на Приштина во ОН, ЕУ, НАТО и други меѓународни институции “.

Тој повтори дека за тоа е неопходен широк консензус на парламентарните политички субјекти.