Авион со 164 патници излетал од писта на аеродром во Истанбул

366

Авион „боинг 737-800“ кој полетал од Обединетите Арапски Емирати на нискобуџетната турска компанија „Пегасус“ се излизгал од пистата додека слетувал на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул.

Патниците биле евакуирани, а аеродромот бил привремено затворен.

Канцеларијата на градоначалникот на Истанбул соопштила дека во инцидентот нема жртви или повредени и дека сите 164 патници биле безбедно евакуирани.

Најверојатно причината за инциденот се силниот ветер и дожд.