Авионска несреќа при акробатски лет во Србија

185

Мал авион од моделот „злин 526ф“ падна во близина на аеродромот Ечка, кај Зрењанин во Србија, а според информациите од српските медиуми во несреќата загинал пилотот Владимир Булат.

Несреќата се случила утрово додека Булат, кој беше претседател на аероклубот во Зрењанин, изведувал акробатски лит.

Според „Блиц“, на местото на несреќата има пожарникари, екипа на Итна помош и полицајци кои се обидуваат да го извлечат телото на пилотот, кој при ударот се забил дури два метри во земјата.

Како што известува РТС, на самото место пристигна градежна машина која треба да ја извлече руината на авионот.