Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе ѝ се приклучат на Германија во воведување санкции за рускиот проект за природен гас „Северен тек 2“ како дел од санкциите против Москва.

– И наредив на мојата администрација да воведе санкции за „Северен тек 2“ и неговите корпоративни службеници – рече Бајден.

Мерката, насочена кон една од најголемите геостратешки енергетски иницијативи на Русија, доаѓа откако Германија вчера објави дека го стопира спорниот проект.

Овој потег означува значајна промена во политиката на администрацијата кон „Северен тек 2“, која претходно вклучуваше санкционирање на некои од помалите субјекти вклучени во проектот, вклучително и некои руски компании и бродови кои помогнаа во изградбата, но се воздржа од санкционирање на „Северен тек 2“ и неговиот извршниот директор Матијас Варниг, пренесе Бгнес.